Антонио Конте демантира дека Диего Коста ќе го напушти Челси. Изминативе денови на големо се шпекулираше за мегатрансферот на Коста во Кина, откако претходно дојде до наводен судир со Конте, но италијанскиот стратег вели дека Шпанецот е значајна алка од тимот на Челси од која не сака да се откаже.
„На европските клубови им е се потешко да ги следат кинеските клубови. Дадоа 70 милиони евра за Оскар? За Коста нудеа 35 милиони евра по сезона? Тоа е лудост. Мислам дека сето тоа отиде малку предалеку“ – вели Антонио Конте за „Би-би-си“ и дополнува:
„Мислам дека тоа што сега го прават Кинезите не е начин за развој на фудбалот. Клубовите мора да имаат јасна визија и цел. Тие огромни понуди само ќе го уништат фудбалот. А што да мислат луѓето кои секојдневно крваво работат за своите мали плати кога гледаат што се случува во фудбалот“.
Диего Коста има договор со Челси до јуни 2019 година. Иако со неговото име, покрај кинески, се поврзуваат и многу европски клубови, сепак Шпанецот е задоволен во Лондон.
„Не мора да кажувам колку Коста е важен за нас. Ситуацијата е многу јасна – премногу е среќен во Челси, и мислам дека овде ќе остане тука уште долго“ – вели Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА