Конте доаѓа во Лондон на потпис со Тотенхем

Антонио Конте е изборот на раководството на Тотенхем за нов предводник на „спарси“ откако утрово му беше врачен отказ на Нуњо Еспирито Санто. Раководството на Тотенхем речиси цел ден тактизираше околу иднината на Санто, за на крајот да му даде отказ откако дојде до напредок во разговорите со Конте.

Трофејниот стручњак пред само неколку месеци си замина од кормилото на Интер по одлуката на управата да продаде дел од шампионскиот тим. Тотенхем уште тогаш се интересираше да го доведе Конте на клупата, но екс-менаџерот на Челси ја одби оваа опција решавајќи да одмори малку од фудбалот.

Директорот Паратичи во изминатите 48 часа имал неколку разговори со Антонио Конте, по што двете страни се многу блиску до постигнување на договор. На Италијанецот му е ветен четиригодишен договор, но и богат буџет за засилувања за наредните два преодни рока, период во кој се очекува Тотенхем да донесе најмалку четири врвни засилувања со кои овој тим во иднина би се вклучил во трката за највисок пласман во Премиер-лигата.

Се вчитува...