Конте доби доверба од Даниел Леви, Тотенхем денес пред нов тест во Премиер-лигата

Тренерот на Тотенхем Антонио Конте беше многу разочаран по поразот на неговиот тим на гостувањето кај Барнли, па дури се закани дека размислува и да си замине од клубот.

Италијанскиот стратег беше разочаран затоа што за прв пат во кариерата како тренер загубил на четири од последните пет меча во првенство. Тотенхем утре гостува кај Лидс, а Конте е оптимист дека може неговиот тим да победи.

„Зборував со газда Даниел Леви. Тој ми укажа уште една доверба, Леви многу добро знае дека тука сум дојден за да му помогнам на клубот и тоа ќе го правам до крајот.  Од клубот се задоволи од мојата работа и тоа што го правам во изминативе четири месеци“, рече Конте.

Во изминативе 30 дена, Тотенхем губеше од Челси на гости (2-0), Саутемптон дома (2-3), Вулверхемптон дома (0-2), како и од Барнли на гости со 1:0. Единствено успеаа да го победат шампионот Манчестер сити и тоа на гости со 3-2.

Се вчитува...