Конте: Дојдов во Милано со цел да ја прекинам доминацијата на Јувентус, ова Скудето го посветувам сам на себе

Интер ја завери одличната сезона во италијанското првенство со триумф од 5-1 во последниот натпревар во сезоната против Удинезе. Избраниците на Антонио Конте на овој меч влегоа со освоена титула, но одиграа дуел како тој да зависи за првото место на табелата.

По натпреварот италијанскиот стратег не го криеше задоволството од целата сезона која Интер ја заврши со 91 освоен бод и 89 постигнати голови, а како што вели, дражот за оваа титула е поголем од било која друга.

„Ова беше совршен крај на совршената година. И против Удинезе игравме како се да ни зависи од овој меч. Освоивме 91 бод, постигнавме повеќе од 90 голови, имаме најдобра одбрана и втор најдобар напад. Направивме нешто големо и нешто прекрасно. Дојдов во Милано за да ја прекинам доминацијата на Јувентус па ставив голем притисок на себе. Успеавме сите заедно, имав одлична група на момци. Ова Скудето го посветувам сам себе си. Само јас знам низ што се поминав претходните две години“, изјави Конте.

 

Се вчитува...