Конте е луд, не ги тестира ментално само играчите туку и управата и газдите

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, смета дека не би било добро решение Антонио Конте да седне на клупата на „црвените ѓаволи“.

Англиските медиуми по новиот пораз на Манчестер Јунајтед, се убедени дека прашање на ден е кога Мајкл Карик ќе добие отказ по катастрофалните резултати сезонава и веќе шпекулираат со можните наследници. Најголем фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед е Антонио Конте.

Навивачите на Јунајтед сакаат Италијанецот да го наследи Карик, но Јанг смета дека Конте не би бил добро решение поради неговиот темпераментен карактер.

„Конте е луд, навистина е луд. Многу се зборува за статистиката на Манчестер Јунајтед и претрчаните километри на нивните играчи. Доколку фудбалерите не се подготвени да трчаат, а Конте им биде тренер, мислам дека тоа ќе биде катастрофа. Мислам дека токму неговиот темперамент е една од причините зошто не се задржува долго на клупата. Не се обидува ментално да ги тестира само фудбалерите, туку и управата и сопствениците“, вели Јанг.

Се вчитува...