Тренерот на Наполи, Антонио Конте веќе почна да бара замена за Де Бруине, кој поради повреда ќе отсуствува во следните четири месеци. Белгиецот пристигна на почетокот на сезоната како големо засилување, но се повреди поради што го чека долга пауза.
И покрај тоа што се очекува тој да се врати во февруари, тренерот Конте не сака да ризикува. Тој е свесен колку му е важен континуитетот на екипата, па затоа побарал веќе од спортскиот директор Џовани Мана да пронајде квалитетна замена, со цел да се одржи ритамот и да се одбрани титулата.
Според информациите од италијанските медиуми, Наполи веќе ја најде замената за Де Бруине, а тоа е играч на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Коби Маину, талентираниот играч за врска кој би можел во јануари да се пресели во Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

