Конте ги разочара ПСЖ и Јуве: Овие четири првотимци се „недопирливи“

Антонио Конте потпиша тригодишен договор како тренер на Наполи, а поранешниот италијански селектор на првата прес-конференција како предводник на „наполитанците“ јасно стави до знаење на кои фудбалери смета како на лидери и нема да дозволи нивно заминување од тимот.

Листата ја предводи Квича Кварацкелија, чиј агент јавно побара трансфер откако беше обелоденето дека ги договорил условите за преселба во ПСЖ, а тука се наоѓа и капитенот Џовани ди Лоренцо, кој има „дил“ со Јувентус летово да се пресели меѓу „црно-белите“. Сепак, Конте јасно стави до знаење дека ќе ги блокира овие два трансфера.

„Кварацкелија и Ди Лоренцо се клучни фудбалери за мене. Тоа е јасно ставено до знаење на сите, како на членовите на управата, така и на самите играчи. Можеби некои играчи ќе си заминат, но тие двајца нема сигурно. Јас доставив листа до челниците, на неа имаше четири фудбалери, Кварацкелија, Ди Лоренцо, Лоботка и Ангиса. Тие четворица се недопирливи и јас ставив „вето“ на нивното заминување летово“, изјави Конте.

Се вчитува...