Наполи доцна синоќа ја објави листата на фудбалери на кои Антонио Конте ќе смета во Лигата на Шампионите, на неа очекувано се најде Елиф Екмас, но меѓу играчите кои ќе можат да настапуваат за „наполитанците“ во елитното европско натпреварување го нема Ромелу Лукаку.
Белгискиот „џин“ се повреди минатиот месец, јасно беше дека проблемот не е наивен, а првите прогнози велеа дека Лукаку ќе го видиме на терен во месец ноември. Сепак, состојбата во меѓувреме очигледно се искомпликувала, па одличниот голгетер ќе мора дополнително да паузира. Последните информации говорат дека Лукаку е загубен за Наполи до крајот на оваа календарска година, тој ќе почне да тренира со полна пареа на почетокот од 2026, а камбекот се очекува кон крајот на месец јануари.
Поради ова, Конте реши Лукаку воопшто да не биде на списокот за ЛШ за првата фаза, каде Наполи за напаѓачи ќе ги има новите засилувања Лука и Хојлунд.
Доколку Наполи се пласира во нокаут-рундата, италијанскиот првак ќе може во февруари да го дополни списокот и тогаш Лукаку (доколку е здрав) дефинитивно ќе биде значаен адут на Конте во европските битки во клучниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

