Италијанскиот стратег, Антонио Конте го „пецна“ својот германски колега, Томас Тухел дека не знаат правилно да го искористат Ромелу Лукаку.
Конте му беше тренер на Лукаку во Интер, а заедно успеаја по единаесет години да ја вратат титулата во Серија А на „Џузепе Меаца“.
„Тренер е добар ако им помогне на фудбалерите да напредуваат. Мислам дека јас во Интер завршив одлична работа со Лукаку. Тој е специфичен фудбалер. Опасен е во казнениот простор и неверојатно е брз. Ако имате таков играч морате да го користите, но мислам дека Тухел во Челси се уште не знае како да го направи тоа. Ако сфати како да го користи Лукаку тогаш ќе биде фаворит за освојување на Лигата на шампионите годинава“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА