Актуелниот англиски првак Челси се обидува да го засили својот тим во овој зимски преоден рок, а менаџерот Антонио Конте погледот го насочи кон својата Италија. Поточно, кон Рим, каде има „пикирано“ двајца фудбалери од редовите на Рома. Едниот е Емерсон Палмиери, кој треба да биде засилување за левата бековска позиција, а вториот предизвикува многу поголемо внимание, Един Џеко.
Конте го посакува Џеко откако сфати дека нема да може да дојде до Алексис Санчез, а има најави дека и Един Азар би можел на лето да направи мегатрансфер во Реал Мадрид, откако одби да потпише нов договор со Челси. Џеко има искуство од Премиер – лигата, со оглед дека во минатото го носеше дресот на Манчестер сити.
Италијанецот е подготвен за Џеко и за Палмери да плати вкупна отштета од 50 милиони евра, и да го испрати Мичи Батшуаи на „Олимпико“, иако за него постои сериозен интерес од од Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА