Италијанскиот стратег Антонио Конте не само што нема да ја прифати понудата на Интер за да седне на клупата на овој клуб, туку и ќе се обиде да пазари од „Џузепе Меаца“ во летниот преоден рок. Менаџерот на Челси е заинтересиран за италијанскиот репрезентативец Антонио Кандрева, со кого имаше одлична соработка во селекцијата на „аѕурите“. Кандрева би бил одлично решение за крилните позиции на Челси и заедно со Педро би биле несопирлив тандем.
Конте веќе остварил разговор со спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио, и најавил дека Челси на лето ќе испрати понуда вредна 21,5 милиони фунти. Кандрева минатото лето дојде од Лацио во Интер за сума од 18 милиони фунти, што значи дека „нероаѕурите“ би можеле и малку да заработат на неговата продажба. Сепак, одлуката Интер ќе ја донесе на крајот од сезоната, во зависност од позицијата на табелата што ќе ја оствари во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА