Конте им се заблагодари на навивачите и фудбалерите: Успеавме во нашата „мисија“, го вративме Интер каде што му е местото!

Антонио Конте пристигна во Интер во 2019 година, па му помогна на својот тим минатата сезона да избори финале во Лига Европа, а годинава го освои Скудетото во Серија А, но поради несогласувања со раководството реши да го напушти тимот од Милано.

Италијанецот испрати емотивна порака преку Инстаграм и им се заблагодари на навивачите и фудбалерите за поддршката во претходните две години.

„Какво неверојатно патување имавме во претходните две години. Секој ден напредувавме и со голема желба и жртва успеавме да бидеме најдобри. Без изговори, туку само со работа успеавме да го вратиме Скудетото на Интер по 11 години, а исто така го вративме тимот каде што заслужува да биде. Благодарност до сите кои ни помогнаа во тоа, фудбалери, стручен штаб, претседател, навивачи и сите останати“, напиша Конте.

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Conte (@antonioconte)

Се вчитува...