Трофејниот италијански тренер Антонио Конте постигна договор за личните услови со Тотенхем, па сега остануваат ситни детали од преговорите во врска со формализирање на соработката. Човекот кој ја прекина доминацијата на Јувентус ќе заработува околу 15 милиони евра по сезона во Северен Лондон, со можност да собере уште два и пол милиони како бонус.
Според бројните англиски медиуми, до конечниот договор, сè уште има детали во врска со буџетот за поставување на тимот за следната сезона, но исто така е дадена гаранција дека „Спарси“ нема да останат без најдобрите поединци од сегашниот состав. Ова првенствено се однесува на Хари Кејн и Сон Хунг Мина, кои треба да го продолжат договорот со лондонскиот тим.
Во случај на отстранување на последна пречка, можеме да очекуваме враќање на Конте во Лондон по три години, веќе следната недела. Да потсетиме, поранешниот тренер на Интер и Јувентус го водеше Челси во периодот од 2016 до 2018 година, а со „сините“ ја освои Премиер лигата во првата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА