Италијанскиот стратег е одлучен да ја зајакне одбранбената линија за следната сезона, иако триото Азпиликуетоа, Луиз и Кејхил одлично се вклопува и се разигрува од натпревар во натпревар. Конте има неколку мети, но колку ќе успее да ги привлече, зависи од Абрамовиќ.
Челси подготвува понуда за играчот кој оваа сезона ја има капитенската улога во Саутемптон, Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот е мета на неколку англиски клубови од денот кога заигра за Саутемптон, а неговите дефанзивни способности и перформансите на секој следен натпревар се подобруваа.
Имено, Челси планира да понуди 540 милиони фунти плус Нејтан Аке, што досега е најприфатлива понуда за тимот од „Сент Мери“, со оглед на тоа дека претходно за холандскиот стопер беа нудени само пари. Вака Саутемптон ќе добие млад дефанзивец, кој стекнува искуство во Премиер лигата, играјќи за Бурнмаут и Вотфорд. 22-годишниот Аке откако одигра фантастична полусезона за Бурнмаут, па Конте одлучи да го врати во првиот тим, но, од тогаш забележа настапи во ФА купот и неколку натпревари во првенството влегувајќи од клупа во последните минути.
Холанѓанецот неколку пати беше пред трансфер, прво во Ливерпул и Евертон, потоа во Сити, а имаше и понуда од Мурињо, но, цврстиот Ван Дајк остана да ги брани црвено-белите бои на Саутемптон со улога на капитен. За жал, следеше тешка повреда поради која оваа сезона е предвреме завршена за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА