Конте ќе остане без работа, но ќе „лапне“ отштета од Тотенхем

Антонио Конте се очекува до крајот на неделава да добие отказ од Тотенхем. Италијанскиот стручњак нема да го води лондонскиот тим идната сезона, а од тимот му замеруваат и на зборовите кои ги кажа после ремито со Саутемптон.

И натаму не е познато кој ќе го наследи Конте, кој дојде со големи очекувања во Тотенхем, но тимот и натаму не може да освои ниту еден трофеј во сите натпреварувања. Екипата сега се стреми да излезе во Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, отказот Конте ќе го прифати со смеење, со оглед дека ќе добие и добра цифра на пари како отштета. Неговиот договор тежи 17 милиони евра и вреди уште три месеци, а тоа значи дека тимот ќе му исплати на стручњакот околу 4,5 милиони евра за три месеци колку што му трае соработката.

Се вчитува...