Антонио Конте, новиот тренер на Тотенхем, ќе пазари од Италија во јануарскиот преоден рок. Прв пик е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, а сега излезе информација дека ќе купува тројца играчи на Торино.
Станува збор за Андреа Белоти, и одбранбените играчи Вилфрид Синго и Глејсон Бремер. Барем на хартија најлесно би требало да дојде до Белоти, кој летово станува слободен играч, па неговиот трансфер може да биде потпишан со преддоговор уште на почетокот во јануари.
Конте „му фрлил око“ на Синго уште минатата сезона кога го предводеше Интер. Тој сакал да го донесе и во „нероазурите“, но не успеал, а сега ќе има уште една шанса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА