Антонио Конте не препушта ништо на случајноста и сепак ќе успее да го истера по свое летниот преоден рок. По напорите да бидат комплетирани трансферите на Окслејд – Чемберлен од Арсенал и на Дринквотер од Лестер, италијанскиот стратег најверојатно ќе го доведе и својот омилен фудбалер на „Стемфорд бриџ“. Станува збор за Фернандо Љоренте, напаѓачот на Свонси, со кој работеше во редовите на Јувентус.
Пресудна е желбата на високиот напаѓач повторно да соработува со Конте, и тој за околу 15 милиони фунти треба да го облече дресот на Челси до крајот на летниот преоден рок.
Свонси нема да прави проблеми, затоа што ќе пристигне Вилфрид Бони во редовите на овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА