Италијанскиот калчолигаш Интер е заинтересиран за францускиот репрезентативец Оливие Жиру. Тренерот Антонио Конте сака да доведе уште еден квалитетен напаѓач и реши да му понуди излез на Жиру кој воопшто и не добива шанса за настап на „Стемфорд бриџ“, но затоа блеска во дресот на француската репрезентација.
Тој има договор со Челси до 2021 година, а Интер е подготвен да му даде годишна плата од 8 милиони евра. Жиру оваа сезона одигра девет натпревари и постигна четири гола. Менаџерот Франк Лампард многу повеќе верува на младата ѕвезда Тами Абрахам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА