Диего Коста ја шокираше фудбалската јавност откако гласно го нападна Антонио Конте за односот што го имаше со италијанскиот стратег додека двајцата беа дел од Челси, во сезоната 2016/17.
„Конте е добар како тренер, но како личност е нешто најлошо што може да ви се случи во секојдневието. Тој е лош човек, личност што не верува никому и мисли дека знае буквално се. Секогаш беше намуртен, најверојатно дома немаше доволно секс бидејќи е страшно огорчен“, истакна Коста.
Очекувано, не се чекаше многу на одговор од Конте, кој на денешната прес-конференција пред мечот одговори на прашање токму за коментарите на својот поранешен голгетер.
„Искрено, не сакамм да си ја трошам енергијата за тоа кој што зборува. Во фудбалот постојат интелигентни и глупави луѓе, а јас нема да трошам време читајќи што овие вторите говорат. Коста играше за мене една сезона. Можам да зборувам за фудбалот: Ние ја освоивме титулата, а тој во таа една сезона три пати бараше да си замине“, одговори трофејниот италијански стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

