Конте на прашање за противниците: Не ме заморувајте, мене ме интересира само Тотенхем

Тотенхем не знае за пораз во Премиерлигата по ангажманот на Антонио Конте. Италијанскиот стратег успеа да ги консолидира редовите на „петлите“ кои по вчерашната неверојатна победа над Лестер со 2-3 го „скокнаа“ Арсенал и се искачија на петата позиција на табелата со 39 осовени бода со три натпревари помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

По натпреварот Конте говореше на повеќе теми, а една од нив беше и трансфер желбите на Арсенал, Душан Влаховиќ и Артур Мело за кои искусниот стратег имаше интересен одговор.

„Знаете дека не сакам да говорам за играчи на други клубови поготово кога не станува збор за желбите на Тотенхен. Не ме замарајте со такви прашања јас сум тука да ги решам проблемите на Тотенхем, а не на Арсенал“, вели Конте.

Се вчитува...