Антонио Конте јасно стави до знаење дека е подготвен да го напушти Наполи ова лето. Тој упати сериозно предупредување до раководството на клубот, посочувајќи дека може да си замине доколку не види соодветно планирање и вложување во иднина. Специјалистот нагласи дека не може да се потпира само на „чуда“ за да постигне успех.
Конте, кој го презеде Наполи пред почетокот на сезоната, изрази загриженост поради недостатокот на јасна стратегија и долгорочни планови. Тој инсистираше на тоа дека е неопходно да се инвестира во квалитетни играчи и да се создаде цврста основа за идни успеси, наместо да се потпира на случајни резултати.
„Среќен сум во Неапол, како и моето семејство, бидејќи има сонце, прекрасна храна, луѓето се гостопримливи, но ова е мојот личен живот и не можам само да застанам тука“, изјави Конте по победата од 1-0 над Монца.
„Јас носам одговорност и не сакам да ги разочарувам навивачите. Имам восхит и почит кон претседателот Де Лаурентис. Тие побараа од мене да подадам рака за помош и тоа го правам, но навивачите на Наполи сакаат победи и ја имаат таа амбиција. Ако не победи, тие може да станат непријатни. Морам да проценам сè, не сум глупав. Направив голем притисок врз себе, но ми треба и вистинското оружје за борба. Ќе седнам со претседателот да разговараме, па потоа ќе видиме каква одлука ќе донесам. Ќе ни стигнат приходите од квалификациите за Лигата на шампионите, ни помогна продажбата на Кварацхелија, но сега ќе разговараме со претседателот со поконкретни чекори“, изјави тренерот на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА