Конте: Не е точно дека едвај чекам да си заминам од Челси

Италијанскиот стратег Антонио Конте ги негираше гласините дека едвај чека да си замине од „Стемфорд бриџ“ и дека веќе преговара со други клубови, а во опција е и негово враќање на кормилото на „аѕурите“. Тој му одговори на Џанлука Вијали, кој всушност и ја пласираше во јавноста оваа теза.

„Џанлука ми е пријател, но со него не сум се сретнал речиси една година. Не е точно дека едвај чекам да си заминам од Челси. Јас работам напорно и комплетно сум посветен на клубот. Така ќе биде секогаш, професионалноста е мојата водилка во фудбалот“, изјави Антонио Конте.

Челси в недела го пречекува Вест хем на „Стемфорд бриџ“, но има речиси невозможна мисија до крајот на шампионатот во Премиер – лигата да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...