Конте не е задоволен: Игравме добро, требаше да го победиме Интер

Наполи со гол во самиот финиш се спаси од пораз ремизирајќи 1-1 на големото дерби со Интер, но тренерот Антонио Конте не е задоволен од конечниот исход на дуелот во Неапол.

Според него, овој меч беше идеална можност за „наполитанците“ да се вратат на врвот на табелата, нешто што со играта го заслужиле.

„Кај мене има разочарување, не можам да го скријам тоа. Пред се затоа што игравме одличен натпревар против силен противник. Требаше да го победиме Интер, овој одличен тим кој секако е главен кандидат за скудетото. Имавме проблеми со составот, но бевме фокусирани, игравме интелигентно. По она што го покажавме денеска, уште повеќе жалам за она второ полувреме со Комо во кое немавме желба за игра. Ако играме вака до крајот на сезоната, ќе се бориме за трофејот до последното коло. Да бидеме реални, ако некој ни понудеше на 11 кола до крајот да бидеме на еден бод до врвот, со две раце ќе прифатевме. Трката продолжува“, порача Антонио Конте.

Се вчитува...