Конте не е задоволен од квалитетот на тимот, Тотенхем тргнува по нови засилувања

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте му порача на раководството на клубот дека тимот треба да се засили уште во јануари.

Откако се запозна со квалитетите на играчите во тимот по неколку недели работа со нив, Италијанецот беше изненаден бидејќи очекуваше нивото на играчи да биде повисоко.

„Само две недели по моето пристигнување во Тотенхем, реков дека треба да го подобриме квалитетот на тимот. Бев сигурен за 7 или 10 дена. Потоа направив проценка на кого можам да сметам, а на кој не. Разликата со водечките тимови е многу голема и мораме да работиме напорно за да го изградиме и подобриме составот. По два месеци работа со овие играчи, ситуацијата ми е појасна за играчите. Чекам состанок со управата за да го споделам моето мислење за тимот и што мислам за ситуацијата“, додаде Конте.

Се вчитува...