Менаџерот на Челси, Антонио Конте, не го вклучи напаѓачот Диего Коста во составот за настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова е и донекаде очекуван потег ако се знае дека англискиот клуб сака во јануари да го продаде во Атлетико Мадрид.
Доколку тој има настап за Челси, не би имал право потоа да игра за шпанскиот клуб во елитното европско натпреварување, што секако и би го намалило интересот за негова продажба. Инаку, Диего Коста се уште се наоѓа во родниот Бразил иако Конте го вклучи во ростерот што ќе се натпреварува во Премиер-лигата. Сепак, Бразилецот со шпански пасош не може да се помири со фактот дека доби СМС-порака од Конте ова лето со напомена дека не му е потребен и може да си побара нов клуб. Но, на крајот сепак ќе мора да остане во Челси најмалку до јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА