Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте се повеќе покажува дека амбициите на клубот за новата сезона се високи. Овојпат нова цел на „петлите“ е старт на преогвори за откупување на уште еден фудбалер на Интер.
Откако го доведе Иван Перишиќ како слободен агент, Конте сега цели на Милан Шкринијар, трансфер кој ќе биде многу потежок за реализација. Навивачите на Интер веќе го предупредија раководството дека не смее ни да помисли да го продаде Шкриниар, но се чини дека италијанскиот клуб ќе добие понуда вредна најмалку 60 милиони од Тотенхем.
За Шкриниар се интересираше и ПСЖ, но Тотенхем може да ја преземе предноста поради добрата соработка на Конте и Словакот во периодот додека заедно беа во Интер. Покрај Перишиќ, Тотенхем се засили и со Бисума, Ришарлисон, Ленгле и Спенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА