Конте не се задоволува со една шампионска титула – само седум „сигурни“, останатите „висат“

По 11 години пост, Интер се врати на врвот на Италија откако со речиси перфектна полусезона го престигна Милан на првото место на табелата, а најверојатно ќе ја освои лигата со разлика од десет бода.

Антонио Конте нема да се задоволи само со една шампионска титула па во овој поглед само седум фудбалери имаат „сигурно“ место во тимот следната сезона, а тоа се Бастони, Де Вриј, Шкриниар, Хакми, Барела, Брозовиќ, Лукаку и Лаутаро, пренесуваат италијанските медиуми.

„Конте сака да започне победнички циклус во Интер. Желбата му е да владее со Италија, а не да чека десет години за нова титула. Веќе е започната новата цел наречена „Втора ѕвезда“, а Интер ќе ја добие доколку ја одбрани титулата следната година“, пушува ‘Газета’.

На останатите играчи ќе им биде дозволено да го напуштат клубот доколку за нив Интер добие добра понуда, а истите ќе бидат заменети со нови. Целта на Интер е и повторно да завладее со Европа, а со оглед на тоа што во последните три години „нероаѕурите“ не успеаја да ја поминат групната фаза италијанскиот стратег смета дека се потребни темелни промени.

Се вчитува...