Конте: Не сме кандидати за титула

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте беше разочаран после поразот од Манчестер Јунајтед. Неговиот тим за 90 минути имаше само два удари кон голот, малку да се оствари позитивен резултат.

Италијанецот после мечот призна дека неговиот тим не е подготвен да се бори за титулата. Ова беше само уште една средба од екипите од „топ 6“ во која Тотенхем не прикажа очекувана игра.

„Минаа 10-11 месеци, не може од деветтото место веднаш да станете кандидати за титула, особено кога сезоната ќе ја завршите со 20 бодови помалку од чудовиштата во Англија“, рече Конте.

И покрај поразот, Тотенхем остана на третото место со 23 бода.

Се вчитува...