Антонио Конте ги негираше обвинувањата дека парите му се најважни кога преговара со некој клуб за нов ангажман, потенцирајќи дека приоритет му е фудбалскиот проект.
Поранешниот тренер на Јувентус, Интер и Челси во изминатите неколку дена имаше преговори со Тотенхем, но беа не успешни затоа што не можеа да се договорат за висината на платата. Разликата помеѓу понудената плата од „Спарс“ и барањата на Конте е помеѓу два и три милиони евра, но многу поважно беше неможноста на лондонскиот клуб да му гарантира на Италијанецот буџет за засилувања со кои би составил конкурентен тим.
„Парите не се моја опсесија. Гледам проекти и подготвен сум да останам дома, ако не ме убедат. Ми се допаѓаат тешки предизвици и ако има нешто во клубот што не ме убедува доволно, повеќе би сакал да останам дома“, рече Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА