Конте не запира: Тотенхем го ангажираше шестиот фудбалер ова лето (ФОТО)

Тотенхем се подготвува за сезона во која ќе атакува на трофеи, а за тоа тренерот Антонио Конте ќе има помошта од најмалку шест нови фудбалери откако денеска клубот ја официјализираше соработката со Џед Спенс.

Станува збор за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал кој ги засили „петлите“ за 15 милиони евра од Мидлзбро. Игра на десната бековска позиција и се очекува да биде од голема помош во сезоната во која Тотенхем се враќа во Лигата на Шампионите. Претходаната сезона ја помина на позајмица во Нотингем Форест и му помогна на клубот по долги години да се врати во Премиерлигата.

Како потсетување, лондонскиот клуб претходно ги ангажираше голманот Фрејсер Форстер, стоперот Клемент Ленгле, играчот за врска Ив Бисума, крилото Иван Перишиќ и напаѓачот Ричарлисон.

Се вчитува...