Конте: Немојте да го споредувате Тотехем со Челси

Фудбалерите на Тотенхем беа поразени од Челси со 2-0 во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот Лига куп. Тренерот на Спарс, Антонио Конте не го сфати премногу сериозно овој пораз и изјави дека тој и неговиот тим имаат уште многу работа.

Навивачите на Тотенхем очекуваат во наредниот период да бида доведени одредени играчи, со цел тимот да се засили за предизвиците што ги чека.

„Имаме уште многу работа да направиме и работите да напредуваме. Потребно е време и трпение. Секогаш сум искрен и затоа ќе кажам сега – Челзи е подобар тим од нас. Невозможно е да не споредуваат има голема разлика во моментов, на добар пат сме да им се приближиме. Мораме да бидеме скромни и да ја разбереме ситуацијата. Нешто не може драстично да се промени во два или три преодни рока. Лесно е да се каже купи играчи. Мора да се посветиме на работата на тренинзите”, потенцираше Конте.

Реваншот против Челзс е закажан за 12 јануари, а три дена пред тоа Спарс ќе се соочат со Моркамб во ФА Купот.

Се вчитува...