Конте: Невозможно е Тотенхем за само седум месеци да ги стигне Сити и Ливерпул

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте зборувајќи за очекувањата за новата сезона во Премиерлигата, истакна дека не е можно да се очекува неговиот тим за само неколку месеци да дојде до нивото кое го имаат главните претенди за титулата Манчестер Сити и Ливерпул.

Тој беше брутално искрен и кажа дека ќе треба време за Тотенхем да се носи со овие екипи.

„Искрено, не треба да бидеме арогантни. Не смееме да мислиме дека за само седум месеци колку што сум во клубот, ќе ја стигнеме разликата која ја имаат Сити или Ливерпул, па и Челси. Челси неодамна беше европски првак, а тука би го вклучил и Манчестер Јунајтед, иако во последните години имаа проблеми“, изјави Конте.

Потоа ја коментираше играта на Ливерпул и Клоп.

„Клоп е одличен тренер. Веќе седум години ја спроведува својата идеја во Ливерпул, и што е најважно има поддршка од клубот“, изјави Конте.

Се вчитува...