Конте: Никој не очекуваше дека Хојлунд ќе биде вака добар…

Расмус Хојлунд продолжи со одличните изданија во дресот на Наполи, со два гола предводејќи го овој тим до триумф на гостувањето против Кремонезе.

Данецот беше критикуван поради слабата форма во дресот на Манчестер Јунајтед, но преселбата меѓу „наполитанците“ се покажа како вистински потег за овој 22-годишен голгетер.

„Мислам дека никој не очекуваше дека Хојлунд може да биде вака добар за нас. Се сеќавам ког апристигна, по првите натпревари беше критикуван, во фудбалот секогаш постојат екстремности, или те фалат дека си многу добар или те критикуваат дека не знаеш ништо. Јас видов одредени квалитети кај него, затоа и го доведовме, наша работа како стручен штаб е да ги искористиме тиe квалитети што фудбалерите ги поседуваат. Mе радува што брзо се адаптираше и што се чувствува неговата поврзаност со екипата, но тој е уште млад и јас сум убеден дека Хојлунд уште повеќе ќе напредува како што ќе одминува времето“, истакна Конте.

Се вчитува...