Конте носи пет засилувања во Наполи

Откако стана јасно дека Антонио Конте останува во Наполи, сега го гради тимот за одбрана на титулата во новата сезона. Трофејниот италијански стручњак сака да направи тим со кого ќе освои нов трофеј во својата богата колекција на титули.

До сега „наполитанците“ го доведоа Де Брујне и младиот Маријанучи, но се очекуваат уште трансфери. Догвоорен е Ноа Ланг од ПСВ за 30 милиони евра, а се очекува само официјализација.

Се бара голгетер. Ливерпул не ја спушта цената за Нуњез, па веројатно Конте ќе бара друго решение. На мета е Лоренцо Лука од Удинезе. Исто така двајца играчи на Болоња се во комбинација: стоперот Беукема и офанзивецот Ндоје.

Исто така Конте сака дополнително да ја засили и голманската позиција со Вања Милинковиќ-Савиќ. Торино за Србинот бара 20 милиони, а Конте дава 15.

Петто и сигурно засилување е Хуанлу Санчез кој игра како десен бек. Шпанскиот младински репрезентативец ги прифати сите услови, и сега се очекува само негова промоција.

Од Наполи заминаа Рафа Марин кој е нов член на Виљареал, потоа голм,анот Каприле кој отиде во Каљари, Бетис го купи стоперот Натан, додека позајмените Окафор и Билинг се вратија во својите клубови. Наполи треба добро да заработи од Виктор Осимен кој летово ќе има нов клуб. Цената е меѓу 70 и 80 милиони евра.

Се вчитува...