Управта на Тотенхем и тренерот Антонио Конте им испратија порака на четири играчи дека повеќе нема место за нив во тимот. Италијанскиот стручњак отстрани играчи вредни блиску 100 милиони, односно точно 92 милиони евра. Тие тренираат одвоено и чекаат трансфер. Станува збор за Тангу Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Серхио Регуилон и Хари Винкс. Сите овие се веќе отпишани и нема да бидат дел од Тотенхем следната сезона.
Ндомбеле стигна во 2019 година за 77 милиони евра од Лион, но никогаш не се наметна. Ндомбеле беше понуден на Њукасл, но тренерот Еди Хау и натаму има дилема.
Ло Селсо беше на позајмица во Вилјареал, но не импресионираше доволно за „жолтата подморница“ целосно да го откупи неговиот договор според првичните услови. Последните информации велат дека Ло Селсо сепак ќе остане во Вилјареал, но за значително помалку пари од она што Тотенхем го бараше на почетокот од летово.
Регуилон и Винкс играа под водство на италијанскиот стручњак, но по доаѓањето на Бисума и на Перишиќ, тие нема да бидат во комбинација и мора да си бараат нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

