Наполи се врати на врвот на Серија А. Победата над Јувентус беше награда за десеткуваниот тим, бидејќи тренерот Антонио Конте не може да смета на Ромелу Лукаку, Кевин Де Брујне, Ангиза, Гутиерез, Гилмор, Лоботка, голманот Мерет…
По поразот од Болоња пред паузата за репрезентативни натпревари, Конте успеа да го обнови тимот во кој голема улога има и нашиот Елиф Елмас кој одигра феноменалне нантпрева.
„Преполн сум со гордост! Воодушевен сум од овие момци! Кој и да излезе на теренот, работи со голема гордост и чувство на одговорност. Многу се подобрија во тој аспект и ме прават горд. Ја знаат сериозноста на моментот во кој се наоѓаме и одговорија на вистински начин. Уште еднаш, можам само да им кажам на овие момци: „Ви благодарам, ви благодарам и ви благодарам!“, рече Антонио Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

