Актуелниот тренер на Интер, Антонио Конте по повеќе од три години откако го напушти селекторското место во италијанската репрезентација, емотивно раскажува за разделбата со националниот тим. Конте беше предводник на Италија во периодот од 2014 до 2016 година, се до ангажманот во Челси.
„Да се носи дресот на Италија е остварување на сонот. Тоа значи дека сте успеале во животот. Бев во националниот тим и како играч и како тренер. Селекторската работа е голема одговорност. Целата нација е со вас. Кога си заминував сите плачевме. Да не потпишев за Челси, сигурно ќе продолжев да работам како селектор“ – објаснува Конте.
По завршувањето на играчката кариера, Конте почна како тренер во Арецо, потоа беше во Бари, па во Аталанта и Сиена, три сезони го предводеше Јувентус, потоа италијанската репрезентција, замина во Челси, а минатото лето стана тренер на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА