Антионио Конте имаше деби за заборав на клупата на Наполи. Во првото коло од новата сезона во Серија А неаполитанците претрпеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Хелас Верона.
Искусниот италијански стратег не го криеше разочарувањето по поразот притоа превземајќи вина за дебаклот.
„Само еден тим играше во првото полувреме. Не мислам дека Верона имаше ни шут. Сепак дозволивме да шутираат веќе на почетокот на вторто и се повлековме. Потоа се стопивме како снег на сонце. Чувствувам дека треба да им се извинам на навивачите на Наполи кои со цело срце беа со нас. Тренер сум и треба да превземам целосна одговорност.
Учинокот покажува дека мораме трпеливо да работивме на секој аспект. Дојдов во Наполи полн со ентузијазам и желба. Ако можам да му помогнам на клубот, ќе го направам тоа“, вели Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА