Антонио Конте доби отказ како тренер на Тотенхем. Италијанскиот стручњак објави порака на „инстаграм“ по заминувањето од лондонскиот клуб.
Конте го презеде Тотенхем на почетокот на ноември 2021 година, откако Нуно Еспирито Санто беше отпуштен. Првата година ја водеше брилијантно и затоа летово беше награден со најголемиот трансфер буџет во историјата на клубот. Сепак, големиот број проблеми и нетрпеливоста во соблекувалната доведоа до отказ за искусниот Италијанец.
„Фудбалот е страст. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Тотенхем кои ја ценеа и споделија мојата страст и мојот интензивен начин на живеење фудбал како тренер. Посебна благодарност до фановите кои ме поддржаа. Беше неверојатно да се слушнат како го пеат моето име. Нашето заедничко патување заврши. Им посакувам се најдобро во иднина“, напиша Конте
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

