Конте побара од Јуве да ја кажат вистината: Четвртиот судија знае што се случуваше… (ВИДЕО)

Тренерот на Интер, Антонио Конте имаше жесток судир со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели на синоќешниот дуел со Јувентус.

Конте му покажа среден прст на првиот човек на „Старата дама“, по што Ањели видно изнервиран упати бројни навреди на адреса на стратегот на Интер.

По мечот Конте истакна дека луѓето од Јувентус треба да бидат малку покултурни кон своите гости.

„Треба малку повеќе да знаат што е тоа култура. Треба да покажат спортски дух и почит за оние кои работат на теренот. Нека од Јувентус кажат точно што се случуваше. Четвртот судија слушна се многу добро. Од Јувентус треба само да ја кажат вистината“ – истакна Конте, алудирајќи на тоа дека постојано во текот на мечот имаше дофрлувања кон него и неговите фудбалери од ложата на Јувентус.

Се вчитува...