Конте полуде: Па како може ова да биде офсајд

Антонио Конте полуде на арбитрите по поништениот гол на Хари Кејн во судиското продолжение од мечот со Спортинг. Фановите на Тотенхем еуфорично го прославија голот со кој Кејн требаше да ги одведе „спарси“ во осминафиналето од ЛШ, но ВАР-судиите по долго разгледување на ситуацијата оценија дека капитенот на Тотенхем се наоѓал во офсајд.

Линиите јасно покажуваат дека Кејн е во офсајд, но „спарси“ се бесни бидејќи додавањето воопшто не беше кон него, туку стануваше збор за повратна топка кон срцето на шеснаесетникот. Фудбалер на Спортинг со несмасна интервенција го проигра Кејн во простор, но арбитрите сепак решија да го поништат голот.

„Искрено, не можам да разберам по која основа беше поништен овој гол. Нанесена ни е голема неправда, па како може ова да биде офсајд“, бесен беше Антонио Конте, кој за приговорите кон арбитрите доби и црвен картон, па нема да може да го води тимот на последниот решавачки меч, против Олимпик во Марсеј.

Се вчитува...