Реал Мадрид не успеа да се договори експресно со италијанскиот стратег Антонио Конте по заминувањето на Хулен Лопетеги од клупата на „кралскиот клуб“. Претседателот Флорентино Перез планираше дека преговорите ќе одат многу поглатко, но, сепак, поранешниот менаџер на Челси поставил три сериозни услови за да го преземе кормилото на „кралскиот клуб“.
Конте побарал тригодишен договор од Реал Мадрид за да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Тој смета дека не може експресно да се сменат сите нешта во тимот и дека е потребно време за да наметне свој начин на работа.
Вториот услов на Италијанецот бил да донесе уште пет свои луѓе во стручниот штаб. Овие два услови Реал Мадрид бил подготвен да ги исполни веднаш, иако првичниот клупски став била понуда до летото 2020 година. Но, третиот услов е сепак многу проблематичен, и тука запнале преговорите.
Конте барал да има целосна контрола над трансферите во клубот. Тука се судриле со Флорентино Перез, кој важи за претседател кој сака да има целосна контрола над клупската политика и ангажманот на нови засилувања.
По ова, јасно е дека Италијанецот отпаѓа од игра за нов тренер на „кралскиот клуб“, а најсериозни кандидати се Маурисио Покетино и Роберто Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА