Конте прави чистка во Тотенхем – девет играчи на излезната врата

Тотенхем е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот ова лето. Лондонскиот тим успеа да доведе шест нови фудбалери меѓу кои Ричарлисон и Иван Перишиќ, но сега мора и да продава. Имено, на излезната врата од „Хотспур“ се девет играчи на кои Антонио Конте не смета за следната сезона.

Станува збор за Тангу Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Хари Винкс, Серхио Регулон, Џафет Танганга, Џо Родон, Емерсон Ројал, Мет Доети и Брајан Гил на кои им е порачано што побрзо да најдат нова средина, пренесуваат англиските медиуми.

Притоа италијанскиот стратег не ја исклучува можноста за дополнителни засилувања. Како трансфер цел и понатаму останува левото крило на Евртон, Ентони Гордон за кој лондонскиот тим ќе треба да исплати 20 милиони евра.

Се вчитува...