Конте: Превземам одговорност, се обидов да му помогнам на тимот, но не сум доволно добар за тоа

Тотенхем пропушти уште една шанса за приближување кон делот од табелата во Премиерлигата кој води во европските натпреварувања следната сезона откако „киксна“ на гостувањето кај Барнли, забележувајќи го и четвртиот пораз во последните пет натпревари.

Тоа изрази незадоволство кај Антонио Конте кој емотивно говореше по завршување на натпреварот, велејќи дека се што направил да му помогне на тимот не е доволно и е подготвен да замине доколку тоа е решението за добри резултати.

„Морам да разговарам со клубот. Премногу сум чесен за само да ги затворам очите да продолжам вака. Сакам да превземам одговорност и подготвен сум на секоја одлука бидејќи сакам да му помогнам на клубот. Четири порази во последните пет натпревари е нешто што прв пат ми се случува во животот. Тоа е неприфатливо. Жал ми е, се обидов да му помогнам на тимот да напредне, но во овој момент не сум доволно добар за тоа. Се обидувам на секој начин да ја променам ситуацијата, но ништо не се менува. Говорат за борба за четврата позиција, но реалноста во последните пет натпревари е дека мора да внимаваме на опстанок. Тука се менуваат тренери, но не и играчи и затоа резултатите остануваат“, вели Конте.

Се вчитува...