Тренерот на Наполи, Антонио Конте сосема очекувано беше незадоволен по синоќешниот пораз од Манчестер Сити на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.
Но, исклучувањето на капитенот Ди Лоренцо уште во 21. минута се чини го одлучи големото дерби, во кое Наполи не можеше да се одбрани со фудбалер помалку на теренот.
„Против Манчестер Сити е тешко да играш со 11 на терен, а не, пак, со десет играчи и тоа цели 70 минути. Едноставно невозможно е, иако мора да кажам дека бевме добри во одбраната. Мислам дека можевме и подобро при двата гола, но јасно е дека нема што да им замерам на момците кои покажаа голема борба, посветеност до последен момент“ – рече Конте по мечот, кој вели дека истиот би имал сосема поинаков тек ако немало исклучување.
„Да се играше натпреварот 11 на 11, мислам дека ќе беше сосема поинаков. Зборуваме за Манчестер Сити кој е фантастичен тим. Нема замерки. Тимскиот дух е навистина силен кај, ми се допаѓа како заедно го пребродивме ова, и сега се концентрираме за следниот натпревар во Лигата на шампионите“.
На синоќешниот натпревар во Манчестер последните 20 минути во дресот на Наполи ги одигра и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

