Конте: Психички сме нестабилни…

Тотенхем испушти шанса да се најде во првите пет места на табелата во Премиерлигата откако вчера вечер загуби на домашен терен од Саутемптон со 2-3. „Петлите“ имаа водство од 2-1 се до 79. минута, а потоа на сцена настапија Илијануси и Адамс кои со два гола за три минути донесоа пресврт за заминување од „Хотспар“ со три бода.

По натпреварот тренерот на лондонскиот состав, Антонио Конте не го криеше разочарувањето од поразот, а причината за истиот ја најде во пропуштените прилики во првото полувреме и менталната стабилност на неговите фудбалери.

„Мораме да бидеме разочарани. Саутемптон е добра екипа, но мислам конечниот резултат е поради наши грешки, особено кога ја имавме топката во наш посед. Исто така мислам дека тоа е типичен пример за ментална нестабилност. Во второто полувреме креиравме шанси, но се што промашивме во првото полувреме беше многу важно за овој натпревар. Не можам да им замерам на играчите за залагањето, навистина се трудеа, но исто така мислам дека мораме да напреднеме. Пред нас е заеднички и долг пат“, изјави Конте.

Се вчитува...