Конте сака да го доведе Маркос Алонсо во Интер

Тренерот на Интер, Антонио Конте, сака да го засили тимот со нов лев бек, а најдобра опција за него е да погледне во поранешниот тим Челси. Италијанскиот стратег посакува повторно да соработува со Маркос Алонсо, шпанскиот интернационалец кој настапува на „Стемфорд бриџ“.

Лампард оваа сезона го користи како стандарден првотимец, но Конте верува дека понуда од 25 милиони евра би можела да биде доволна за Алонсо да ја промени земјата, да ја напушти Премиер – лигата и да го засили Интер кој има амбиции да се бори за шампионската титула заедно со Јувентус.

По 15 кола, тимот од „Џузепе Меаца“ има два бода предност во однос на „старата дама“ на врвот на табелата.

Се вчитува...