Италијанскиот калчолигаш Интер вечерва ќе има полуфинална пресметка во Лигата на Европа против Шахтјор Доњецк во Диселдорф, а оттаму доаѓаат информации и за можните нови засилувања за „нероаѕурите“ за следната сезона. „Скај Спорт Германија“ открива дека во плановите на Антонио Конте за следната натпреварувачка сезона се фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс, и српскиот репрезентативец Филип Костиќ кој го носи дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Конте бара решение за левата страна, а побарал од раководството да ги доведе двајцата фудбалери. Сепак, тоа нема да биде лесна задача затоа што Интер ќе треба да одвои вкупно 70 милиони евра. Цената на Филип Костиќ изнесува околу 40 милиони евра, а тој има договор со Ајнтрахт до 2023 година. Госенс имаше одлична сезона во дресот на Аталанта и на 40 официјални натпревари постигна девет гола. Неговиот договор со тимот од Бергамо истекува во јуни 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

