Шахтјор е во серија од 11 натпревари без пораз, има победи на девет од нив. Филозофијата кај украинскиот шампион во принцип е иста од периодот кога Мирчеа Луческу го формираше напаѓачкиот стил базиран на посед на топката, градењето на нападот уште од назад, течното додавање во средината и молневита пенетрација во финалната третина. Луис Кастро го направи тимот побрз во транзицијата и уште подиректен. Тоа најдобро го знае Базел кој загуби 4-1 од Шахтјор во четвртифналето.
„Се подготвуваме за овој натпревар водени од желбата за пласамн во финале. Играме против навистина силен тим и нема да бидеме изненадени. Антонио Конте создава интересна динамика, играат комплексно и во нападот и во одбраната и во транзицијата. Но, ние сме подготвени за тоа“ – вели предводникот на Шахтјор, Кастро.
Интер и Шахтјор имаат одиграно две меѓусебени пресметки во третото квалфикациско за Лигата на шамионите во сезоната 2005/06. инте ја доби пресметката во гости со 0-2, а на реваншот беше 1-1. Победникот од вечерашната пресметка в петок против Севилја ќе се бори за трофејот во вторто по ранг европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА