Конте со брутални физички подготовки за новата сезона: Кејн и Сон „колабираа“ на теренот (ВИДЕО)

Антонио Конте очигледно има големи амбиции за следната сезона, па одлучил на своите фудбалери да им зададе тешки физички подготовки уште во раната фаза на летото.

Бруталниот физички тест на Антонио Конте беше вистински проблем за играчите на тимот. Фудбалери, како Хари Кејн и Хеунг Мин Сон, не ја издржаа вежбата, по која многумина паднаа на тревникот и едвај можеа да земат воздух.

Дури 6.000 навивачи беа присутни на тренингот и имаа можност да видат низ каков „пекол“ минуваат големите фудбалски ѕвезди на премиерлигашот.

Конте е познат по своите методи на работа, кои бараат максимум од фудбалерите. Тоа го прави еден од најдобрите тренери на денешницата.

 

 

 

Се вчитува...